Мисија
Нашата мисија е политичко образование на граѓаните со фокус на младите во духот на демократските политички вредности, како и развој, промоција и застапување за јавни политики од различни области на општествениот живот во Република Северна Македонија и во регионот.
Основни Цели и Задачи
· Промовирање на политичкото образование во духот на демократските вредности, како алатка за зајакнување на свеста за придобивките од демократијата и изградба на одржлив демократски поредок.
· Поддршка на општествениот дијалог за решавање на општествените проблеми преку консензус, надминувајќи ги идеолошките, етничките и верските линии.
· Развој на јавни политики преку истражувања засновани на докази и со инклузивен пристап.
· Промоција на јавни политики во насока на подигнување на општествената свест за справување со актуелните општествени проблеми и предизвици.
Општи Информации
· Назив на Здружението: Здружение за едукација и јавни политики, претседателски центар СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ-Скопје.
· Скратен назив: Претседателски центар СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ -Скопје.
Контакт: contact@pendarovskicenter.mk
Здружение за едукација и јавни политики
contact@pendarovskicenter.mk