Претседател на Здружението

Тоше Зафиров 

Тоше Зафиров е еден од основачите на здружението по завршувањето на мандатот на претседателот Стево Пендаровски по петгодишна работа како заменик-шеф на Кабинетот и советник за внатрешна политика на Претседателот на Северна Македонија.

Со повеќе од една деценија искуство во граѓанскиот сектор, Зафиров има работено во неколку граѓански организации меѓу кои Мрежа за развој на граѓанското општество на Балканот, Институтот Прогрес како проект координатор, а подоцна и како програмски директор на бројни домашни и меѓународни проекти со регионални и партнерски земји низ Европа, под покровителство на ЕУ. Како програмски директор и истражувач, неговиот фокус бил на политичкото образование на млади, интеграцијата и учеството на малцинствата во граѓанското општество, процесот на помирување во регионот, развојот на демократијата, како и дигиталните медиуми и комуникации.

Неговата главна улога во Претседателскиот Центар е соработка и видливост на здружението на сите нивоа, да ја организира и координира севкупната работа, како и реализација на програмата, проектите и целите на истото.

Зафиров дипломирал политички науки на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, и е магистер по односи со јавноста на Правниот факултет „Јустинијан Први“.

toshe.zafirov@pendarovskicenter.mk

Здружение за едукација и јавни политики
contact@pendarovskicenter.mk